Македонија
9. February 2023 - 19:47

Превозниците и ЈСП на суд - првото рочиште одложено

Одложено првото рочиште за случајот со долгот од милион денари кој Слобода превоз го бара од  ЈСП. Претпријатието не завршило со вештачење на тужбата. Наредното рочиште е закажано за 9 април.

Директорот на Слобода превоз смета дека ЈСП прави се за да го одоговлекува процесот. Ќе ја повлече тужбата само доколку во меѓувреме превозниците добијат гаранција за исплата на долгот.

Приватните превозници денеска доставиле договор за цесија во Град Скопје по што ќе се знае дали и како ќе им бидат исплатени парите. Јовановски вели тој нема да пречи на преговарачкиот процес.

По три месеци бојкот,  Арсовска одлучи да ги повика на средба приватните превозници, но нема договор дали и кога ќе ги вклучи повторно во јавниот превоз. Во меѓувреме пропаднаа два огласи на Град Скопје со кои бараше  да ангажира приватни превозници. Советниците не ја изгласаа  одлуката за кредитно задолжување со Арсовска сакаше да набави 50 нови автобуси.