Учениците од МИГ на протест пред Министерството побараа оставка од директорката и враќање на наставниците
Оставка од директорката на МИГ побараа со протест учениците и нивните родители. Ја бојкотираат наставата бидејќи не се задоволни од кадарот и начинот на кој се изведува наставата. Учениците се жалат дека не можат да постигнат добри резултати на натпреарите по информатика и математика.
Родителите се револтирани од како што велат самоволието на директорката и заканите кои им ги упатува на учениците. Бараат од министерот за образование да го ревидира изборот на наставен кадар во училиштето и измени во законот за оваа гимназија.
Од МОН велат дека од Дрќавнито просветен инспекторат ќе биде направен увид во постапката за избор на стручни соработници на последниот оглас. Најавија дека во следните денови министерот ќе ги повика на средба родителите и учениците.
За било какви промени во законската регулатир, се поднесуваат иницијативи до МОН и секако дека секоја конструктивна идеја ќе биде предмет на разгледување.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
