Loading Video...
Фудбал
19. February 2023 - 19:58
Прва МФЛ: Шкупи го доби дербито со Шкендија, бод за Струга во Кавадарци
Дербито за врвот во домашното првенство помеѓу Шкупи и Шкендија се одигра во Кичево и им припадна на актуелните шампиони кои славеа со 2-0 со головите на Алварез во 36. И Трапанковски во судиското продолжение.
Со оваа победа екипата на Шкупи направи голем чекор во битката за титулата одалечувајќи се од Шкендија а во прилог и одеше и резултатот во Кавадарци каде Тиквеш одигра 1-1 со есенскиот првак Струга ТЛ.
Домашните најавија добар старт на пролетната сезона со погодокот на Мишов во финишот од првиот дел но гостите од Струга беа упорни и Кочоски во 87-та минута обезбеди израмнување за важен бод за стружани во битката за првиот шампионски трофеј.
ПРВА МФЛ 18.коло
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – А. ПАНДЕВ 0-1
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 0-0
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-2
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1-1
СИЛЕКС СЛОБОДЕН
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->