Loading Video...
Фудбал
26. February 2023 - 19:55

Силекс го крои врвот, совладан шампион Шкупи

Фудбалерите на Силекс одиграа уште еден добар натпревар и го изненадија шампионот Шкупи совладувајќи го со 2-1 во рамките на 19.прволигашко коло. 

Домашните добро започнаа и со головите на Милосављевиќ и Ѓорѓиевски уште во 32-та минута направија високо водство од 2-0 што се покажа како недостижно за фаворитот. 
 
На почетокот на вториот дел Данфа постигна гол на надеж но тоа беше се што постигна Шкупи на оваа средба. 
 
Со ова шампионот пропушти можност да се врати на врвот каде останува Струга со  два бода предност и натпревар повеќе додека Силекс освои значајни бодови во битката за 3.место каде се наоѓа Шкендија со два бода повеќе од кратовскиот прволигаш.