Продолжува истрагата за двојното убиство во скопската чаршија
Обвинителството прибира докази и ги разгледува снимките од безбедносните камери за да ги детектира сторителите на двојното убиство. Се сослушуваат сведоци меѓу кои е и повредениот. Од нив се бараат детали кои ќе помогнат во истрагата.
Она што се знае е дека се 5мина напаѓачи кои по убиството го запалиле автомобилот во Горно Оризари, на пат кој води до граничниот премин Блаце.
Веројатно во возилото се наоѓало и оружјето со кое била извршена ликвидацијата на Кривањера познат како Жила и неговиот пријател Лаци кои се познати лица од подземјето. Според информациите тие биле главни во криминалната група од Грчец, додека за напаѓачите се зборува дека си нивни ривали од бандата „Беланоца“ од Ченто и Арачиново.
Пред Шиша бар напаѓачите пристигнале со Ауди а6, влегле глумејќи полициска рација по што се качиле на горниот кат, не губејќи време што укажува дека тие веројатно знаеле дека токму во мониторинг собата ќе ги најдат 37 г Жила и Лаци. Им пукале во глава а погодиле и уште едно лице, но предупредувачки во нозе, по што се дале во бегство.
Во чаршијата се зборува дека овие две криминални групи имале превирања и во изминатиот период.
Во 2019 обид за убиство на Кривањера имаше во хотелот Александар Палас. И тогаш напаѓачите не беа пронајдени, а убиството го спречи полицаец во цивил кој седел со Кривањера.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
