Македонија
4. April 2023 - 21:15

Анализа - До кога ќе се шири НАТО алијансата - Како ќе влијае приемот на безбедноста врз Македонија?

Влегувањето на Финска во НАТО станува проблем за Русија но со ова проширување се зголемува безбедноста и мирот во Европа. Иако со Финска сега НАТО ја има најголемата граница со Русија во должина од 1300 км, според експертите нема простор за нова дестабилизација во Европа. Според професорот Методи Хаџи Јанев Русија веќе ги подигнала своите капацитети на максимум и нема можност да проектира ескалација надвор од својата територија на делување.

Дали безбедноста на Македонија е загрозена со новите проширувања долж границата со Русија, која е во најголема конфронтација со АЛијансата од Студената војна, според професорот нема со членството на земјава во НАТО има многу повеќе предности отколку кога делувала индивидуално.

Политиката на отворени врати нема лимит, па според експертите, не постојат ограничувања каде завршува проширувањето на најможната  воено политичка организација. По руската инвазија на Украина, Финска реши да се приклучи кон Алијансата, а следна која веќе почна процедура е Шведска. Колку брзо би се одвивал овој процес, зависи од Турција и  Унгарија, кои во последно време се спротиставија на проширувањето на Алијансата но и на ЕУ.