Македонија
16. February 2016 - 16:19

Катица Јанева во „Спасувачка акција“: Ги бара предметите за малиот и големиот Верушевски за порнографија и оружје

Излегува на виделина цената на новите 400.000 прислушувани материјали, кои Заев ги објави по излегувањето на Верушевски.

Катица Јанева која има мандат да води истраги поврзани со незаконско прислушуваните материјали, тргнала во целосна офанзива за спас на Заев и сите обвинети во Пуч, како и нивните најблиски, пишува Пресс24.

Порталот дознава дека Катица Јанева поднела барање за повлекување на предметот за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали и „Прикажување на порнографски материјал на дете“,за кој првообвинетиот во Пуч, Зоран Верушевски, беше осуден на казна затвор во времетраење од три години.

Освен овој предмет, специјалната обвинителка побарала да го повлече од обвинителството и предметот кој се води против синот на Верушевски во чиј компјутер полицијата лани пронајде голем број на материјали поврзани со детска порнографија.

Минатата година  во јануари МВР поднесе две кривични против Верушевски и синот кои беа процесуирани до Јавното Обвинителство.

Пресс24 пишува дека засега нема одговор каква поврзаност имаат случаите за службеното оружје на Верушевски и  “прикажување на порнографски материјал на дете” со прислушувањето разговори, и зошто јавната обвинителка смета дека треба да ги води.

Претходно СЈО го побара и предметот за поткуп против Зоран Заев,во кој во својство на градоначалник, бара мито од 200.000 евра.