Loading Video...
Фудбал
26. April 2023 - 19:54
Силекс ја запре Шкендија, пет бодови предност за Струга
Фудбалерите на Струга го искористија киксот на Шкендија во дуелот со Силекс и со триумф од 2-0 се одлепија со пет бода предност на врвот на табелата.
Домашните од самот почеток правеа притисок кон голот на гостите и тоа резултираше со автогол на Давков за водство од 1-0 за да конечните 2-0 ги постави Шабани.
Скопското дерби се одигра на терените на ФФМ а победа од 2-1 во дуелот со Скопје однесе домашниот тим на Македонија ЃП.
Лавовите го отворија резултатот со прекрасниот погодок на Мишевски а на 2-0 зголеми Стоилов.
Конечните 2-1 од пенал ги постави Коне во последните мигови од средбата.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 29.коло
Шкупи – Брегалница 3-0
Струга ТЛ- Тиквеш 2-0
Шкендија – Силекс 0-0
Македонија ЃП – Скопје 2-1
А. Пандев – Победа 2-0
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->