Македонија
29. April 2023 - 16:33

Џудото како инклузивен спорт

Специјалистот по медицинска психологија и поранешен џудист Јован Велески од Прилеп веќе 20 години работи на темата џудото како инклузивен спорт. Веќе 2 децении во прилепските клубови испраќал деца со различна проблематика, од лица со разни физички, до лица разни психички проблеми. Кај сите имало голем напредок во нивната состојба.

„Тие деца ги следев на секои 2 месеци во нраедните 6 месеци и гледав како кај сите или му се намалува симптоматологијата или му се губат симптомите или доживувата некаов раст или развој“, истакна Јован Велески, специјалистот по медицинска психологија и поранешен џудист.

Типична потврда за ова истражување на Велески e Христијан Стојаноски или Кико, дете со Даунов синдром, член на клубот Сеишин кој со џудо се занимава веќе скоро 2 години.

„Две години тренирам џудо. Џудото многу го сакам, сите ме сакаат мене и јас ги сакам нив“, вели Христијан Стојкоски – Кико, џудист.

И мајката на Кико вели дека неговата состојба е драстично подобрена со џудото. Им препорачува и на другите родители со деца со посебни потреби да го следат овој пример. 

„Со џудово тој како да се препороди. Пред се е физички активен, социјализиран, на тренионг е прифатен од сите и од мајсторите и од децата, тоа го исполнува и го прави среќен, така што многу напред е со неговата социјализација. Сум изненадена од неговата способност за да прави такви тренинзи, како колк напред, колк назад и слично мислев дека никогаш нема да може тоа го направи“, истакна Снежана Стојкоска, мајка на Христијан Стојкоски – Кико.

За вклучување во спортот на овие деца повика и тренерот на Кико Киро Здравески.

„Дајте децава да се социјализираат, ослободете ги од дома, ние се нафаќаме да работиме со такви деца“, додаде Киро Здравески, џудо мајстор.

Од џудо федерација на Македонија вели дека ќе ззапочнат со поорганизирано внесување на овие деца во џудото.

„Планираме да бидат ангажирани меѓународни експерти од земјите каде што се практикува инклузивното џудо се со цел нашите тренери да добијат едукација во овој дел“, изјави Благоја Гешоски, дефектолог и потпретседател на џудо федерација на Македонија.

И според УНИЦЕФ џудото се смета за еден од спортовите кој нуди најдобар развој на млади.