Македонија
10. May 2023 - 17:03

Голема акција на македонската и грчката полиција - спречен влез на кокаин скриен во банани

Македонската и грчка полиција спречија шверц на 105 кг кокаин кој требало да заврши на црните пазари во регионот.

Дрогата е пронајдена во три контејнери на пристаништето во Солун, натоварени со банани од Еквадор. Ги нарачале газди на фирма од Скопје, кои лани ја регистрирале фирмата во договор со уште едно лице од Гевгелија, за увоз на овошје од Јужна Америка.

Пратката која пристигнала на пристаништето во Солун била превземена од возач на камион со гевгелиски регистарски таблички. Откако го натоварил камионот со пакетите банани, го паркирал во магацин во Солун каде полицијата ја пронашла дрогата. Возачот побегнал но кога влегол на македонска територија веднаш бил уапсен. Полицијата приведе вкупно 4 лица од Македонија.

По налог на судот извршени се претреси во нивните домови и во деловните простории на фирмите. Останатите 7 лица кои се приведени како дел од оваа криминална група се грчки и албански државјани.