Мирно помина ноќта на Косово и Метохија, но граѓанските собири пред општините на север продолжуваат
Мирно помина ноќта на Косово и Метохија, но граѓанските собири пред општините на север продолжуваат. Тие бараат ослободување на уапсените Срби и повлекување на специјалците.
Состојбата на административните пунктови се влошува, поради блокадата на преминот за сите товарни возила. Околу 700 камиони чекаат на паркинзи од Краљево до Јариње. Српскиот претседател Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел за да го продолжи дијалогот со Албин Курти. Косовскиот премиер пак е заинтересиран да оди во Брисел, на средбата што ја предложи Борел.
САД ја продолжуваат националната вонредна состојба за Западен Балкан
Според соопштението од Белата куќа, неопходно е да се продолжи вонредната состојба, како што се вели, поради актите на екстемистичко насилство и активности, како и ситуацијата на западен Балкан која го попречува напредокор кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во транс-атлантските институции.
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, им порача на НАТО - ,, Ако сакаат да војуваат, Москва е подготвена ''. Лавров вели- ,,Ако НАТО се изјасни дека се противи на замрзнување на конфликтот во Украина тогаш значи дека тие сакаат да војуваат, и нека почнат''. Неколку дена претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг отфрли какви било потези за „замрзнување“ на конфликтот, и покрај зголемените украински загуби. ,,По неколкумесечна воена обука на опремата на НАТО, Украина ја враќа својата територија окупирана од руските сили'', изјави генералниот секретар на Алијансата и најави помош за модернизирање на украинската армија.
Москва долго време обвинува дека преку помагање со оружје, Западот и САД потикнуваат конфликт со Русија. Путин пред извесно време го опиша конфликтот како спротивставување на неговите сили против „целата западна воена машина“.
Нови дојави за бомби во Србија. Пристигнале закани на неколку адреси на повеќе институции во Белград, објавија српските медиуми. Дојавите се однесувале на аеродромот Никола Теска, Клиничко болничкиот центар Ѕвездара и на ВМА. Закани пристигнале и на Правниот и Електротехничкиот факултет во Белград. Луѓето се евакуирани од зградите на болниците и факултетите додека траат проверките на полицијата.
Во конфликт меѓу ривалски банди во женски затвор во близина на Хондура, загинаа најмалку 41 лице. Прогласена е вонредна состојба. Членови на женска група запалиле ќелија на ривалска банда. Во затворот казна издржуваат околу 900 жени. Околу затворот се собраа голем број роднини на затвореничките, полицијата и војската интервенира и го обезбедува затворот.
Трет ден трае потрагата по подморницата Титан, која со петчлен екипаж исчезна во Атлантскиот океан. Американската крајбрежна стража потврди дека канадски авион открил „подводни звуци“ во областа каде се води потрагата. Се претпоставува дека резервите на кислород на патниците во туристичката подморница ќе траат до петок, додека пак воздухот на подвозјето се очекува да истече во четврток. Експедицијата во која се двајца милјардери од Британија и Пакистан тргнаа на пат кон остатоците од потонатиот брод „Титаник“.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
