Жителите на Овчеполието го блокираа патот кој им го уништила механизацијата и камионите
Жителите од овчеполските села го блокираат локалниот пат од Лозово кон Милино и Ѓуземелци за тешки товарни возила. Во ек на жетвата големите компании кои стопанисуваат со земјиштето родот го превезуваат со камиони, кои поради својата големина и тежина го уништиле патот кој води до нивните села и на кои не им е дозволено да транзитираат.
- Со автомобилите не може да се движиме, го ископаа целиот, изјави Гане Атанасов, жител на с. Милино.
- Доаѓаат тешки товарни возила на кои не им е дозволено. Дозволено е до 7 тони, а превезуваат со камиони од 50 - 60 тони, изјави Стефан Цветков, жител на с. Милино.
Бараат од надлежните да добијат ветување дека по завршување на жетвата да се санира штетата и да се изнајде соодветно долгорочно решение, во спротивно патот ќе го бранат со жив штит.
- Да најдат друго решение, откако ќе го поправат патот, да се нашправи алтернативен пат каде што ќе можат да се движат камионите. Џабе ќе ни го направат, кога следната година повторно ќе го уништат, додаде Цветков.
- Ситуацијата е катастрофална. Ние ќе останеме овде 24/7, се додека не дојде некој да вети дека ќе ја санира направената штета. Дали од општината, дали од државата, било кој, што ќе даде написмено и ние веднаш ќе се тргнеме, изјави Мирослав Стојановски, жител на с. Милино.
По завршување на жетвата на јаменот и пченицата, мештаните стравуваат дека истото ќе им се повтори кога ќе започне гроздоберот, а ти е во зимскиот период ќе останат изолирани без патна комуникација.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар