Македонија
27. August 2023 - 16:42

Младите во Струмица се мобилизираа со кампања за вдомување на бездомните животни

Преку јавна кампања младите од Струмица ќе ја подигаат свеста за вдомување на уличните кучиња. Кампањата ќе ја креира новоформираниот младински совет чија цел е вдомување на што поголем број кучиња кои веќе го поминале неопходниот период на третман и ресоцијализација во стационарот Лана. Во исто време ќе работат и на зголемување на интересот кај младите за волонтирање во ЈП за згрижување и третман на бездомните кучиња. 

Младинскиот совет во Струмица беше реобновен ова лето. Неговата цел е младите да бидат активно вклучени во сите локалните политики. За реализација на нивните активности од страна на општинскиот буџет ќе добијат околу 2 милиони денари.

Наскоро младите во Струмица треба да добијат и сопствен простор. Младинскиот центар е сместен во просториите на општинската зграда и според најавите треба да биде пуштен во употреба до крајот на септември.