Македонија
28. August 2023 - 16:35

Фолклорна средба на Русалиите по 12 пат во Секирник за да се зачува традицијата на бегалците од Кукушко

Русалииите заиграа во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Единствените играорци во земјава кои ја чуваат и негуваат традицијата и културната на македонците бегалци од Кукуш и кукушко по 12 пат се собраа во селото Секирник во општина Босилово. Нивната цел е преку фолклорни средби да ја продолжат мисијата на своите предци, но и да испратат порака дека треба да се чуваат семејните вредности.

За градоначалникот на Босилово, ваквите фестивали се најдобриот начин да се зачува, но и презентира културата традицијата и обичаите.

На 12 та средба Русалии Фолклор во Секириник, настапија неколку фолклорни ансамбли и русалиски групи од земјата , но и гости од соседна Бугарија.