Македонија
9. September 2023 - 16:24

Почна фестивалот „Ристо Шишков“

Актерите од велешкиот театар со претставата Татко го означија почетокот на 31-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков.

За време на шесте фестивалски денови ќе бидат одигради 10 претстави со околу 30 актерски остварувања. Освен претставите од домашна продукција, годинава во официјална конкуренција влегуваат и две претстави од странство, една од Бугарија и една словенечко италијанска копродукција.

Фестивалот завршува на 13 септември кога ќе биде доделена и единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на Ристо Шишков. Најдобриот актер традиционално добива златен медалјон со ликот на Шишков и паричен износ од 1500 евра.

Во рамки на фестивалската програма најавена е и промоција на книгата  ,,Аспекти на камерниот театар,, на авторите Тодор Кузмановски и Гоце Ристовски.