Зоната во Карбинци распродадена, но инвестициите ги нема
Индустриската зона во општина Карбинци е целосно распродадена уште пред 3 години, но ретко кој од потенцијалните инвеститори започнал со градба на своите капацитети. Некои од нив, пак, воопшто не извадиле дозвола за градба и после три последователни опомени, што значи дека локалната самоуправа има право да го раскине договорот, да им исплати 20 % од вложената сума, а парцелите да ги врати во сопственост на општината и повторно да ги стави на продажба.
- Очекуваме правобранителството да постапи согласно Законот, да се раскинат овие договори, да се врати оној мал процент средства што ние треба да го вратиме кон тие инвеститори, да се наплатат кзнените пенали кои тие треба да ги платат кон општината и да започенем постапка за повторно отуѓување и продавање на овие парцели-изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.
По неколку опомени од страна на општината, сепак некои од сопствениците се одлучиле да влезат во процедура и да започнат со реализација на проектираната инвестиција.
- После нашите медиумски реакции до јавноста и до самите инвеститори, имаме и мало подобрување во овој дел. Неколку барања се веќе во системот за одобрение за градба согласно нивните потреби и тие се пред издавање на одобренија- додаде Паунов
Зоната е лоцирана помеѓу селата Долни Балван и Таринци и е наменета за лесна и незагадувачка индустрија. Општината од сопствениот буџет инвестираше 9 милиони денари, за асфалтирање на две улици, изградба на тротоари и поставување на атмосферска канализација.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар