Производителите тврдат дека високата цена на овошјето и зеленчукот е реална поради намаленото производство
Намаленото производство е главниот фактор за високите цени на земјоделските производи сезонава. И додека потрошувачите се жалат на скапо овошје и зеленчук производителите сметаат дека ова се реалните цени. Според нив сето тоа е резултат на се помалиот број земјоделци, а влијание имаат и климатските промени и скапите репроматеријали.
Претседателот на сојузот на земјоделски синдикат Ристо Велков вели дека ваквиот тренд може да продолжи и во наредните години бидејќи се поголем број ниви останувале необработени. Недостатокот на градинарски производи веќе се чувствувал и во соседството.
Добрите цени и стабилниот пласман може да бидат мотивација за дел од граѓаните да се вратат на земјоделието, но тоа сигурно нема да биде во голем процент вели Велков . За да се зголеми производството според него неопходна е сериозна стратегија која недостасува во овој сектор цели 30 години.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар