Донација во детското одделение на Штипската болница
ЕКГ апарат и апарат за сукција доби детското одделение при Клиничка болница Штип, донација од општествено одговорна приватна компанија. Апаратите се потребни за дијагностиката, како и за помош на дечињата на кои им е потребна континуирана нега. Со оваа апаратура се олеснува работата и на здравствените работници кои укажуваат здравствена заштита, но уште поважно е што дечињата ќе имаат непрекинато лекување.
- Апаратите ќе бидат искористени во секојдневната работа, значи ова ние обновување на апаратурата на детско одделение и на огромно задоволство на нас како доктори, сестри и персонал и на сите пациенти. Стариот ЕКГ апарат веќе дотрајува и му требаше обнова. Имаме и аспиратор имаме, меѓутоа се со времето дотрајува, изјави д-р Луиза Донева, педијатар од КБ-Штип.
Ова не е прва донација на детско одделение, но докторка Донева потенцира дека покрај во апаратура и подобрување на условите за претстој, се вложува и во кадарот.
- Во план е отварање и на кардиолошки кабинет, имаме докторка на субспецијализација по кардиологија, па се надеваме чекор по чекор да го опремиме и кабинетот- додаде д-р Донева
Од октомври докторка од детско одделение заминува на специјализација по педијатрија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар