Македонија
17. October 2023 - 16:31
Судските административци и денеска на протест: Бараат средба со премиерот за зголемување на платите
Од Основен кривечен суд па се до Влада, на денешниот дожд протестираа судските административци од целата држава. Тие бараат зголемување од 78% на минималната плата и враќање на додатокот на плата од 35%.
Синдикалците се на „улица“ уште во месец март, кога практично се зголемија функционерските плати за 78%. Според последните анализи, платата на еден судија содржи шест плати на судски административци.
Работната група за изнаоѓање на решение за платите на административците до денеска не одржала ни еден состанок, а надлежните не се обратиле ни до УПОЗ, потврди Трпе Деаноски во телефонски разговор за Сител ТВ.
Доколку Владата не одговори на барањата на УПОЗ, синдикалците најавија голем протест за во четврток.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
