Експертите оценуваат : Со Законот за амнестија Собранието ја игра улогата на суд
Со законот за амнестија собранието презема улога на судска власт и страдаат уставното и кривичното право смета експертската јавност. Се прават измени кои се незамисливи во судската сфера вели професорот Шкариќ кој оцени дека законот се носи од нужда а не од рационални причини. Единствено оправдана амнестија според него, била онаа во 2018 поради прекршоци и пропусти во ковид кризата.
Академик Камбовски смета со овој закон собранието упаѓа во сферата на казнената политика, а аргументите според кои треба да се донесат измените треба да се преиспитаат.
Стручната фела се сомнева дека на овој начин би решил проблемот со пренатрупаноста во затворите. Предупредија дека е важно Собранието да внимава како ќе ја оценува законитоста
Предлог законот за амнестија е ставен на дневен ред на пленарната која е закажана за 2 ноември. Потребата за негово носење ќе ја образложи министерот за правда, а законот ќе се носи по скратена постапка. Со законот за амнестија, на слобода ќе излезат 286 осудени лица чии казни се до 6 месеци затвор.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
