Македонија
18. October 2023 - 21:24

Македонија не е изолирана по случувањата на појасот Газа, државата да го подигне степенот на безбедност

Безбедноста да се подигне на повисоко ниво, службите претпазливо и навремено да јавуваат за сите информации кои може да значат ризик за граѓаните.

Експертите сметаат дека регионот, но и Македонија, не се изолирани кога се во прашање последните случувања на појасот Газа, руско украинската војна, како и последниот терористички напад во Брисел.

По примерот на европските држави, Македонија треба навремено и брзо да преземе мерки во однос на безбедносната состојба, особено имајќи ја предвид ситуацијата на Косово. 

Она што дополнително загрижува се хибридните напади, дојави за бомби во европските земји,што тешко може да се прецизира кога и дали ваквите најави може да се реализираат. 

Државата добива информации дека е потребно да обрне поголемо внимание за безбедноста, но во Македонија нема конкретни закани уверува министерот за надворешни работи. 

Европските држави веќе го подигнаа степенот на безбедност, поради можноста од демонстрации и напади, а сите помасовни настани како спортски натпревари во поголемите држави се организираат со зголемено присуство на полицијата.