Македонија
26. October 2023 - 16:34

Еден од тројца мажи советници во општините сметаат дека на жените не им е место во политиката

Еден од тројца мажи советници во општините низ Македонија сметаат дека на жените не им е местото во политиката. А жените пак, кои се политички активни на локално ниво се многу почесто жртви на родово базирано насилство од нивните машки колеги. Овие се главните заклучоци од спроведеното истражување на „Реактор“ на тема „Жените во политиката“ на регионално и локално ниво.

„За разлика од мажите кои пријавуваат случаи на насилство со членови на спротивната партија, жените подеднакво имаат искуство со членови на спротивната партија, но и со членови од нивната партија. Поради ова се гледа дека постои отпор практично кон пријавување на насилство“,  изјави Ана Бојчевска Митревска, истражувачка во „Реактор“.

Истражувањето спроведено преку онлајн анкета на 330 советници и советнички, покажало дека жените се плашат да пријават насилство. Не сакале да се прикажат себеси во ранливо издание со мисла дека нема да можат да им парираат на своите машки колеги, па поради тоа го прифаќале насилството како дел од работата.  Дури повеќе од половина од жените во Македонија не се активни на пазарот на трудот оти се грижеле за децата или воопшто домот.

НА ПРИМЕР ЖЕНА САМА СО МАЖИ ВО КАФАНА И ВО 21 ВЕК ВО МАКЕДОНИЈА Е ГЛЕТКА НА КОЈА СЕ РЕАГИРА ОСОБЕНО ВО ПОМАЛИТЕ СРЕДИНИ И ВО ГРАДОВИТЕ ШТО СЕ ВОН СКОПЈЕ. 

Од Шведската амбасада и од Националниот демократски институт порачаа  дека е неопходно општествата повеќе да се отворат за жените, и тоа за високи позиции на пазарот на трудот.

„ШВЕДСКА ПРЕКУ ОВОЈ ПРОЕКТ ГИ ОХРАБРУВА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ПРЕКУ РАБОТНИТЕ ГРУПИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ДА ГИ МЕНУВА ПОЛИТИКИТЕ, НО И ПРАКТИКИ ЗА ДА НАПРАВИ ПОГОЛЕМ ПРОСТОР ЗА ЖЕНИТЕ ПОЛИТИЧАРКИ“. 06.56 -

Можно е да се направат добри реформи за да се адресира еднаквоста, но сето тоа мора да биде базирано на добри солидни истражувања и на потврдени податоци. Токму затоа ваквите истражувања имаат клучна важност.