Македонија
11. November 2023 - 16:37

Нема спас од дивата депонија во Визбегово – сите се прогласуваат за ненадлежни

Црн чад се издигна над Скопје, гори дивата депонија во Визбегово. Ова се речиси секојдневни наслови во дневните вести за  градот кој и онака е лидер во Европа и светот по аерозагадување. Лоцирана на територија на општина Шуто Оризари, но последиците ги трпат сите. Најпогодени се жителите на населбите Визбегово, Чаир и Бутел. Место кое некогаш важело за воздушна бања, растеретено од градскиот метеж, сега е локација на која се одлага смет и постојано се подметнува пожар. Вака бремената  Ивана која веќе е и   мајка на две дечиња  ни го опиша просторот околу својата  семејна куќа.

 – Оваа депонија постоеше но во многу помал обем. Последниве година дена, порасна во планина. Се живее со огромне страв, пред се од пожар. Пред две години, среде лето кога беше најжешко,  ни се случи огромен пожар кој ни се доближи до пред куќа. Пожарна не ни дојде, сами гасневме. Пола викендица на соседите изгоре. 24 часа. Некогаш бел некогаш црн, некогаш смрди ужасно штипе. Еве сабајлето чадеше два часа. Во зимниот период кога квалитетот на воздугхот е и без тоа за ниакде, овде допринесува дополнително. На неколку вечери осеќаме пепел или некои метали во воздухот дефинитивно не е пријатно, алишта не можам надвор да сушам . Се осеќаат последиците од она што го загрозивме..., вели жителка на Визбегово.

Она што дополнително ги згрозува жителите е што во околината на депонијата, се садат житни култури. Честопати наоѓале фактури, сметки во отпадот, па се обидувале и сами да ги пронајдат сторителите.

- „ Еднаш неделно се прави ново ѓубре, дење ноќе таму се истовараат цели камиони, дампери, се лупа се тропа. Во најголем интезитет последнава година... “, вели жителка на Визбегово.

И додека разговаравме со Ивана, нашиот дрон регистрираше неколку камиони како истовараат шут. А на патот забележавме табла на која пишува забрането фрлање отпад. Сведочевме како се  разминуваат два камиона, едниот полн со смет а другиот веќе го истоварил.

Депонијата е сериозен проблем и за деловните субјекти од индустриската зона Визбегово. Според нив  нејасно е како инспекторите кои ќе дојдат да го проверат нивното работење, не гледаат што се случува во околината.

Државниот инспекторат се прогласи за ненадлежен врз овие диви депонии. Според закон велат постојат само 52 нестандардни депонии со кои управуваат јавните комунални претпријатија, 2 се согласно стандарите како ЈП Дрисла.

-„Сè останато се ѓубришта на јавни површини за кои се надлежни општинските администрации како што се во случајот Визбегово и Вардариште за кој е надлежен секторот Инспекторат на Град СКопје. “

Дека централната власт нема ингеренции да постапува во овој случај вели и министерката за животна средина. Иако, во 2020г со ребаланс на буџетот издвоиле околу 20 милиони денари да го исчистат овој простор, но по три години оваа дива депонија е уште поголема.

  – „Транспортиравме околиу 6000 м3 ком отпад .Го израмнивме ја оспособиме локацијата .Последниве денови дека повторно се депонира нелегално .Ова е ингеренција на градот  ние директно управување со отпад немаме. Градот излегол на терен според нашите информации, согласно со сите ингеренции ќе постапат“

Општина Шуто Оризари последен пат пред два месеци чистеле на овој простор, за што издвоиле 2 ипо милиони денари. Градоначалникот вели изречени се дури и условни казни за  лица кои се фатени како нелегално одлагаат смет. Според Дудуш, комуналните редари на општината биле постојано на терен, но не можат да се справат сами со овој проблем. Според него, решение ќе биде формирањето на  долго најавуваната комунална полиција.

-„ Изречени се казни има една и со 3 год условна казна покрај парична . Тоа е депонија која тлее повеќе од 15 г . Пред мене, се донесе некоја одлука од Град Скопје да има таму претоварна станица за потоа тоа да прерасне во таква депонија. Се носеше секаков вид на отпад. Остана тоа како пункт каде препознаваат дека можат да одлагаат ѓубре. Не знам колку сте информирани не беше целосно расчистена, само дел,  поглемиот дел остана .Потоа почнаа повторно камиони од фирми кои работат за институциите во градот, во министерствата, почнаа повторно  да носат, да одлагаат. Дали е тоа  организирано,  не сме ние права адреса да одговориме. Комуналните редари се постојано таму, практично тоа што го затекнуваат како приватни лица кои фрлаат  ги стопираат, но оние фирми кои доаѓаат со големи камиони не се од мојата општина, тука поширок е обемот на работење.  “, рече Курто Дудуш, градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Побаравме одговори и од градоначалничката на Скопје, адреса која ја посочија сите претходни соговорници. Од почетокот на мандатот до сега исчистиле 280 диви депонии, па според  Арсовска паушални се обвинувањата кон неа. Комунална хигиена е единственото претпријатие  кое одлага отпад во Дрисла, прстот за неодговорното однесување го впери кај своите колеги од скопските општини.

„ Ние сме единствени што имаме покренато кривични пријави и санкции во износ и до 100 илјади евра. Според кој член од законот ние сме должни, таквите паушални обвинувања не се базирани на докажи.  Единствен што чистел е Комунална хигиена. Единствениот што го одлага отпадот е комунална во Дрисла. Треба да се позанимаваме со оние кои немаат склучено со никој договор, каде тие го одлагаат отпадот. “, вели Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Екологистите кои се заземаа и институционално да се борат за поквалитетна животна средина велат проблем се ресурсите и ниските казни.

„Имаше иницијатива од зелен хуман хград но немаше расположение од совеотт да се изгласаат .Ги поднесовме како иницијатива и доколу не добиеме одг дека ќе бидат имплементирање. Ќе ги ставиме на гласање и ќе видиме. Комунална полиција- меч со две острици...“

Во меѓувреме додека институциите си ја префрлаат одговорноста, скопјани дишат чад од изгорен отпад кој е од непознато потекло. Дополнително, граѓаните алармираат, дека во непосредна близина на депонијата, се планира и асфалтна база која допонително ќе влијае на аерозагадувањето.