Прирачник од експертите за производителите на пиперка за да бидат конкурентни на пазарот
За да бидат конкурентни на големите пазари производителите на пиперка мора да ги следат новите трендови и стандарди во производството, но и да се прилагодат на климатските промени. сметаат експертите. Со цел да им помогне на земјоделските производители полесно да фатат чекор со стандардите на големите пазари , Асоцијацијата на земјоделски задруги подготви прирачник за подобрено производство и квалитет на пиперка. Прирачникот е наменет за сите видови пиперка и ги содржи сите мерки потребни за едно квалитетно производство.
Земјоделците очекуваат прирачникот да им биде од голема помош, посебно во справување со климатските промени кои претставуваат сериозен проблем последните неколку години.
Прирачникот е дел од проектот за подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук. Во рамки на истиот проект стручен прирачник добија и производителите на јаболко.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар