Македонија
16. November 2023 - 12:23

Руралните средини на истокот без продавници, за леб жителите патуваат и по неколку километри

Во штипските и кочанските села, но и воопшто во руралните средини од источниот регион, скоро и да нема мини маркети. Во селата Бање и Теранци нема ниту една, а во дел од останатите кочански села едвај по една маалска продавница. Месното население, кое повеќето го чинат постари лица, за набавка на основните прехранбени и хигиенски производи, треба да оди до градските центри или во најблиското околни село.

  • Петнаесет продавници имаше, а сега нема ништо.
  • Треба да има, и таму живеат луѓе
  • Оваа продавница работеше и народот овде се свртуваше, седнуваа, тоа им беше единствена разонода, но еве ја затворија.- анкета жители на О. Чешиново - Облешево

Идентична е ситуацијата и во штипскиот регион. Катанци на врататите стојат на речиси сите некогашни продавници кои работеле во штипско. Леб купуваат секој вторник и сабота од приватни доставувачи, двапати за цела недела.

  • Донесуваат со едно комбе во вторник и во сабота, купуваме, ставаме во фрижидер и јадеме, што да правиме.
  • Потребна е како не е потребна е и тоа како. Ние сме стари луѓе овде, пензионери, градски превоз имаме, но доаѓам до трговски центар и натаму повеќе не можам, ме болат нозете, 85 години сум. Полседните 50 години имашепродавница, порано онаму, а потоа овде имаше.
  • Ептен е потребно, ама кој има есап да отвори- Анкета жители на с. Чардаклија, Штипско.

Главна причина за затворањето на руралните продавници се високите сметки за струја и кирија, но и се помалку купувачи и намалената куповна моќ на жителите.