Македонија
24. November 2023 - 16:57

Пензионерите продолжуваат со протести

Стари чевли оставени на улица, оти пари за нови немаат, вака светиниколските пензионери го покажаа своето незадоволство од игнорансткиот однос на Владата кон нивните добро позанти барања, 5000 денари линеарно покачување и усогласување на минималната пензија. Наместо мирни пензионерски денови, приморани се своите права 4 месеци да ги бараат на улица, а следниот петок заминуват пред македонското Собрание.

- Да ги повикаме нашите пратеници во Парламентот, министри, да излезат и да кажат дали има надеж за овој наш напатен македонски народ или нема надеж- изјави пензионер од Свети Николе

- Нека сфатат дека ние не се откажуваме од протестите, се повеќе и повеќе сме револтирани, повеќе ќе бидеме упорни, зашто тоа што го сакаме си е наше, не бараме ништо друго. Тоа е заработено- изјави пензионерка од Свети Николе.

Антикризните мерки од Влада за нив се неприфатливи и порачаа надлежните да размислат повторно за нивните барања, оти на изборите за неколку месеци, се ќе зависи од нивните гласови.