Последните интервјуа за нов состав на ДКСК завршуваат денеска, до 8. декември ќе бидат избрани новите антикорупционери
Последните 14 кандидати за новиот состав на ДКСК одговараа пред пратениците кои се нивните визии и зошто претендираат да влезат во борбата за спречување на корупцијата. Долгогодишното искуство во Државниот завод за ревизија и дава мотив на кандидатката Весна Младеновска да се вклучи во превенирање и навремено откривање на корупцијата. Таа до сега успешно детектирала незаконска исплата на милионски суми од СЈО, незаконитости во однос на исплата од фондот за пензиското осигурување допринела за регулирање на критериумите според кои граѓаните ќе ги остваруваат своите права.
Скромен и чесен пензиниран началник во МВР од Пласница, ќе се стреми да ги открие сите форми на корупција, главно преку местење на јавните набавки. Енвер Саидовски вели дека токму поради овие причини се откажал одамна и од политички партии но и од позиции во кои бил принудуван да премолчи незаконско работење.
Во претходните два дена меѓу кандидатите на листата се најдоа актуелната судијка во Кривичен, Славица Андреевска, Накил Фетаи, член на ДИК Борис Кондарко, адвокати, разрешени судии, директори, новинари. Вкупно 42 го поминаа селективниот круг по што до крајот на следната недела по поединечното бодување ќе се знае кој го минал комисискиот филтер. Новиот состав на ДКСК кои брои 6 ченови и еден претседател треба да стапи на сила на 8 декември.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
