Македонија
10. January 2024 - 19:57

Ќе стигне ли Фатмир Меџити да вработи над 1000 здравствени работници до распишување на изборите?

Прво систематизација, па огласи за вработување на 1117 здравствени работници. Некои работни места може да бидат укинати, други додадени, но ќе има ли време Фатмир Меџити да го реализира ветувањето до распишувањето на изборите. Предност треба да имаат вработените со договор на дело кои во здравството работат со години за минимална плата без здравствено осигурување. Само еден месец е рокот да бидат реализирани сите процедури. 

- Ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства за да може ова што го почнавме динамично да го реализираме. Дали ќе има проблеми, да, не може преку ноќ да се сменат работите, вели Фатмир Меџити, министер за здравство. 

Дури 51 такво вработување ќе има во Здравствен Дом Скопје, поголем број има на скопските клиники како и во болниците низ државата.

Законските процедури се тие, но јас кажав дека ќе го опсервирам целиот процес, вели Меџити.

Меџити со критика до поранешните менаџери на здравствените установи дека воопшто не воделе сметка кој вработуваат. Министерот вели дека две децении нема стратегија за вработување па работни места добивале хирурзи и интернисти, а фалат анестезиолози и инфектолози.

Инаку, во здравствените установи во државата работат околу 1800 со договор на дело и меѓу нив има медицински сестри, болничари, техничари и административен персонал.