Македонија
23. January 2024 - 21:15

Владата усвои или најави бројни важни или реформски закони - дали има време да се усвојат?

Македонија се наоѓа на само два месеци до распуштање на парламентот а низа реформски закони се во најава. Се чека на законот за рестриктивни мерки кои го предлага МНР а кој се однесува на црната листа на САД за висока корупција, но и законот за конфискација во граѓанска постапка.  Изминатиот период се најавија предлог измени во образование, одбрана, додека  на ред за гласање се уште не дошол извештајот на ЕК, новиот состав на Антикорупциска, годишни финансиски планови за повеќе институции од што зависи дали ќе ги користат предвидените средства.

Секое од министерствата притиска за важноста од измени за усогласување на регулативата со европската  но прашање е дали пратениците ќе имаат доволно време да ги поминат сите процедури. Опозицијата е скептична, од ВМРО ДПМНЕ велат оваа Влада имала 6 години да покаже колку и е важен евроинтегративниот процес наместо да  чека до сега и да брза пред избори.

На иста линија е и албанската опозиција кои велат на  Владата веќе  и истече времето за реформски закони.

Од власта пак велат се она што е влезено во процедура нема зошто да не биде изгласано со оглед дека има доволно време да се поминат сите комисиски расправи. Согласни се дека за оние измени кои се уште се во најава  треба да се направи проценка што е навистина  приоритетно во овој период до изборите.

Токму потребата од носење на реформски закони денеска беше причина за  министерот за информатичко општество и администрација да ретерира од оставката затоа што сетот реформи за  администрација се најде во собрание на комисиијатга за европски прашања следната недела иако Алиу бара за нив да се расправа уште утре.