Македонија
29. February 2016 - 16:52

Ехо на стомак и тероида и во поликлиниката во Драчево

Од утре ехо на стомак и тироидна жлезда и во Поликлиниката во Драчево. Годишно околу 1000 пациентите од оваа општина за вакви снимања нема веќе да се препраќаат во други болници или во Клиничкиот центар. Во кабинетот за еходијагностика прегледите ќе ги вршат двајца специјалисти.

- Станува збор за еходијагностика којашто досега воопшто не беше овозможена на пациентите од овој регион на градот. Станува збор за ехо на абдомен и ехо на тироидеа. За овие две дијагностички процедури досега пациентите се препраќаа во други поликлиники и на терцијално ниво на здравствена заштита. Согласно податоците од „Мој термин“ станува збор за околу 1.000 пациенти годишно кои се упатувале кон други здравствени установи со цел да се изврши ваков преглед, рече Тодоров. 

- Целта е доближување на специјалистичките услуги според местата на живеење на граѓаните придонесувајќи за квалитетот на нивниот живот,  изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Со отворањето на нови кабинети во поликлиниката во Драчево се зголемува и бројот на здравствени услуги. Во 2015 година во оваа установа имало 33.800 прегледи и интервенции или за 5000 повеќе од претходната година.