Македонија
10. February 2024 - 19:50

Пост ковид компликации

Во периодот на пост Ковид пандемијата, зголемен бројот на на срцеви и мозочни инфаркти, како и на пациенти со инфаркт на нозете. Ако пред пандемијата на одделението за кардиологија во штипска клиничка имало по 30 стентирања месечно, денес тој број е значително поголем.

- Сега месечно ни доаѓаат по 40 до 45 стентирања, некогаш и 50. Бројот на каротидни стентирања е зголемен за три пати, бројот на периферните пациенти кои доаѓаат со периферни болести можеме да кажеме и пет пати зголемен од претходно. Самата корона пандемија направи рапидно зголемување и пораст на артеросклеротските болестите кај пацинетите.  Имаме зголемен број на мозочни и срцеви инфаркти, зголемен број на пациенти со инфаркти на нозете и на крвните садови на белите дробови, изјави д-р Сашко Николов, кардиолог – Клиничка болница – Штип.

Долната старосна граница е драстично поместена, а не постои повеќе ниту полова бариера, односно, верувањето дека жените се повеќе имуни на кардиоваскуларните заболувања.

- Ако се веруваше дека женските хормони, естрогените и прогестероните ги штитеа жените од срцеви инфаркти, гледаме дека последниот период, последните месец-два, во декември и јануари, имаме 3 млади жени од 38 до 44 години со срцев удар. Имаме млади момчиња од 27-28 години со тешки срцеви инфаркти, додаде д-р Николов.

Истражувањата на интервентните кардилози покажале дека вирисот Ковд 19 освен што го напаѓа белодробието, има имапкт и врз крвните садови.

- Секој што го вдишал вирусот, антигените на виросот се шетаат по телото и се вгнезуваат во еден дел, дали се тоа крвните садови и имунолошкиот систем понатаму се модифицира. Го напаѓа тој антиген, а сакајќи да го уништи, уништува и сето она што е здраво, дали се работи за крвен сад, бели дробови, црева или мозок ги уништува имунолошкиот ситсем- изјави д-р Николов.

Според д-р Николов, ова е една од причините за зголемените инциденци на автоимуни појави кај пациентите со ваквите заболувања.