Два ланци на маркети предвреме ги укинале гарантираните цени - ДПИ ги затвори
Пазарна затвори два маркети во Битола и Скопје. Предвреме прекинале да ги почитуваат правилата за гарантирана цена. Според информации на Сител, станува збор за поголеми ланци на маркети, а Пазарна ќе врши дополнителни проверки на документацијата и овие две решенија може да не бидат единствени кои инспекторите ќе ги изречат.
До донесувањето на Законот за нефер трговски практики кој е во собраниска процедура остана вакум простор кој трговците можат да го искористат за да ги наполнат џебовите, со оглед на тоа што откако Законот ќе стапи во сила, Економија ќе ја донесе и листата од повеќе од 2.000 производи, чија маржа според надлежните нема да смее да надмине 10%.
Но, има и такви кои се обврзале да ги задржат гарантираните цени до средината на мај, или додека Законодавниот дом не го донесе законското решение.
Замрзнувањето на цените требаше да ја смири високата инфлација, но економистите веќе предупредија дека е само привремена мерка. Експертите тврдат дека потребно е системско решение кое ќе ги заштити основните производи и услуги кои директно влијаат за животниот стандард на граѓаните.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
