Македонските компании го гледаат потенцијалот на вештачката интелигенција - можна ли е регулација?
Македонските компании се се поотворени кон модерните технолошки текови и примена на вештачка интелигенција во работата. Ако светските техонолошки гиганти се тие кои го движат развојот на светот, македонските компании се тие кои во иднина ќе треба да го водат развојот на државата и општеството токму преку нивните алатки.
Вештачката интелигенција е тука за да им ги намали трошоците, да го забрза производството, да им го избере најсоодветниот кадар, но генерално можностите кои може да им ги понуди се бесконечни.
- Кај приватниот сектор кај компаниите интересот е апсолутно комерцијален, зашто во единица време продуктот кој го генерирате без вештачка интелигенција е побавен, повеќе ве чини, по сите параметри од аспект на политика и цена, а ако примените ВИ сте поеспекдитивни, поконкурентни на пазарот и поевтини. Ова последното, да не се лажеме, и во богати и во сиромашни пазари е многу важно, вели адвокатот Јован Најденовски.
Но апсурдно е да се зборува за модерни технолошки текови кога на државата и е потребна повеќе од една деценија за да ги дигитализира своите услуги. Дури и дигитализираните услуги не се многу популарни кај граѓаните.
Сега буквално се е сведено на ентузијасти кои го гледаат потенцијалот на модерните технологии. Но за да се имплементираат, и компаниите и државата ќе мора да работат заедно.
- И на страна на институциите има ентузијасти. Има луѓе коишто навистина сакаат да направат разлика. И ние се обидуваме да се врземе точно со тие луѓе, со коишто понатаму во наредниот период засилено ќе се работи, како на дигитализација на процесите, особено во државната администрација, но и на ниво на приватен сектор, така и на импелемнтација на ВИ таму кадешто тоа е најапликабилно, вели претседателот на УО на МАСИТ, Илија Господинов.
Веројатно најголем предизвик за македонското општество ќе биде како да се регулира употребата на вештачката интелигенција. Дури и најразвиените држави доцнат со легислативите зашто технологијата се развива многу побрзо од способноста на креаторите на политики да ги постават рамките.
- Ќе биде процес на тркање, на брзање. Вештачката интелигенција стално ќе ни бега, меѓутоа, работата е ние мудро да ја бркаме зашто ќе останеме без нив. Ако останеме без нив ќе ја изгубиме трката, вели Најденовски.
На светски рамки Европската Унија е прва која на брза трака се обидува да воспостави Закон за употреба на Вештачката интелигенција.
Во Македонија има Национално координативно тело за Вештачка интелигенција кое досега има одржано само една конститутивна седница.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
