Македонија
16. March 2024 - 16:38

75 години НАТО

Министерството за одбрана има капацитет да одговори на барањето за лекување на повредени украински војници, но тоа е во надлежност на министерствот за здравство со кои сме во редовна комуникација, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на „Отворениот ден за јавноста“ на Армијата во Штип, по повод 75 години НАТО и 4 години од нашето членство во северно атланската алаијанса.

- Ако се појави евентуална потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира, особено ќе внимаваме да излегувањето во песрет на ова барање, поддршката и помошта која што ќе ја понудиме, да не влијае на редовните процеси во јавното здравство, изјави Славјанка Петровска

Во однос на прашањето, зошто во време на избори се врши набавка на 8 воени хеликоптери, Петровска со одговор дека процесот е започнат уште пред 5 години, кога на интегриран проектен тим му е дадена задача да го истражи пазарот и согласно потребите на армијата да ја најде најповолната понуда за нашите оперативни побарувања.

- Дали се тие потребни, апсолутно ДА. Јас ќе ви дадам само еден показател, а тоа е дека, сегашните хеликоптери коишто ги имаме во рамките на воздухопловниот винг и воздухопловството во АРМ, се со производство од 80-тите и 90-тите години. Тие веќе дотрајуваат и за некоја година согласно плановите за модернизаја ќе треба да бидат исклучени од употреба, истакна Петровска

Вкупната вредност на хеликоптерите е 230 милиони евра, пари кои министерствот не може да ги плати за една година.

- Се оди во неколку годишни исплаќања, така што и пред да ги исплатиме хеликоптерите во целост, дел од нив ќе пристигнат, а истовремено персоналот кој ќе биде назначен за управување со нив и нивно одржување, ќе може да помине низ соодветна обука која трае неколку месеци, додаде Петровска

На отворениот ден, граѓаните одблизу се запознаа со дел од вооружувањето, борбената опрема и возилата на АРМ.

Настапи воениот оркестар, а посетителите имаа можност и да вкусат „војничко“ гравче и чај.