Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
Во време полно технолошки иновации, оваа 2024 година, според познавачите, веќе се обликува како една пресвртна точка за некои од највозбудливите технолошки достигнувања. Во продолжение следат пет можеби клучни трендови коишто ќе ги дефинираат следните неколку години.
1. Поголем опсег на вештачката интелигенција (ВИ) и подобри можности. ВИ континуирано ги дефинира и унапредува можностите во многу области - од здравствена заштита до финансиски услуги. Тоа денес овозможува, на пр., и попрецизни предвидувања, автоматизирани сложени задачи и персонализирани кориснички искуства. Во 2024 година, се очекува напредок на ВИ во етичките упатства и транспарентноста, одговарајќи на растечките барања за поодговорна технологија ширум светот.
2. Квантни компјутери. Од теорија до пракса, квантната технологија којашто долго време е резервирана за лабораториски истражувања, сѐ повеќе го наоѓа своето место во практичните примени. Со потенцијал да трансформира сè - од безбедносни протоколи до начините на обработување огромни количини податоци, квантното пресметување влегува во нова фаза од својата имплементација. Предводниците во оваа индустрија, како „Гугл“ и „Ај-би-ем“ веќе имаат завидни резултати во квантното пресметување, а најавуваат и можност за негова поширока примена уште оваа година.
3. „Попаметен“ Интернет на нештата („ИоТ“): Поврзаност, технологија, подобар живот... „ИоТ“ станува сѐ побогат со напредна „паметна“ технологија, со подобри интеграции и современи функционалности што го олеснуваат животот на луѓето. Во 2024 година, се очекува паметните уредите да станат уште посамостојни, со понапредни способности и подобра енергетска штедливост и одржливост. Паметните домови и градови ќе користат „ИоТ“ за да се подобри сè: управување, енергија, безбедносни системи итн., што претставува голем чекор напред во секојдневниот однос со технологијата.
4. Развој на 5-Г и новата 6-Г технологија. Додека 5-Г го освојува светот, 6-Г технологијата е веќе во најава. Оваа година, 5-Г ќе овозможи нови нивоа на поврзување и брзина на интернет, што ќе има големо влијание врз развојот на новите технолошки апликации, вклучувајќи проширена виртуелна реалност, но и „ИоТ“. Развојот на 6-Г, пак, ветува уште поголеми брзини и можности, што води до нови граници во телекомуникациите.
5. Одржлива технологија: Иновации за позелена иднина. Соочени со глобалните климатски промени, технолошкиот сектор игра клучна улога во создавањето поодржливи решенија. Во 2024 година, иновациите насочени кон намалување на јаглеродот и поттикнувањето одржливост ќе бидат во центарот на вниманието. Од еколошки извори на енергија до одржливи производствени процеси - технологијата е во првите редови во борбата за позелена планета.
Ново на Сител
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
-

Орбан: Идејата на ЕУ за заеднички заеми за финансирање на Украина ќе ги задолжи дури и нашите внуци
-

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
