Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
Што смрди две недели на хируршките клиники и кога ќе проработат операционите сали – од ресорното министерството втор ден молчат и не одговараат. Пред колапс се и останатите здравдтвени установи кои поради хаосот на клинички третираат само итни случаи.
Илир Демири испрати примероци на анализа во Германија, но никој не знае кога ќе стигнат резултатите и што е причината за лошата миризба.
Хирурзите во имровизирани услови оперираат само најтешки пациенти а на сметка на тоа секојдненвно се зголемуваат листите на чекање.
Освен нервози и гнев кај болните, со прашалници се и онколошки пациенти кои чекаат интервенции а дел од нив ги прават само на скопските клиники.
Надлежните молчат, а од ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги потсетуваат кој ден по ред здравството е во колапс.
-14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството.
14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс.
14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност - владата на СДС/ДУИ.
Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири.
И додека на Клинички чекаат решение, ГОБ- 8ми септември и клиниката Свети Наум Охридски го носат целиот товар на системот. И нивните капацитети се исполнети а прават и реорганизации за да бидат згрижени сите итни случаи.
Но што кога и тие ќе крахираат??
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар