На ортопедија и траума работат 2 од 6 операциони сали
Во времени услови и со намален интензитет, ортопедите и трауматолозите оперираат во две смени и со надворешни компресори. На овие две клиники од 6 во функција се две сали а кога по итна постапка ќе набават надворешни компресори ќе активираат и други.
-Во моментот на ортопедија во функција е една сала каде хирурзите работат во две смени и овие денови дневно оперираат од 7 до 8 пациенти, за разлика од порано кога хируршки интервенции правеле кај повеќе од 15 болни.
Лекарите признаваат – работиме и оперираме, но не во услови какви што беа пред да настане колапсот со комримираниот воздух и смрдеата. Имале деновиве и многу комплексни случаи кои итно морале во сала.
-Со обезбедени надворешни компресори, овие денови направивме 70 операции, половина на траума и половина на ортопедија. Работиме со намален интензитет, предност имаат пациенти со малигни заблувања и фрактури, но и пациенти од елективниот програм оперираме, вели д-р Александар Трајановски, ортопедски хирург и директор на ТОАРИЛУЦ.
Стара инсталација, стара компресорска станица..но засега од заеднички служби кои се надлежни за сервисирање на опремата на клиниките не кажуваат што е следниот чекор.
Хирурзите, пак, велат мора да работат за да го намалат притисокот кон другите болници.
-Ова е преодно решение, но гледате колкав терет држи клинички центар и мора внатрешно да се договараме и организираме. Да, ова е преодно решение, но не може да седиме и не оперираме, вели Трајановски.
За некои лекари ова се имрпвизирани услови на работа, за други преодни а за надлежните обврска за враќање на хируршкиот блок во нормален тек. Овој колапс на системот создаде паника и нервози кај пациентите кои и онака со месеци чекале да се најдат на оперативна листа.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар