Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
Маж се давел во жива кал крај реката Пчиња. Во рани зори кумановските пожарникари интервенирале на негово извлекување. Лицето до вратот било потонато во кал и тиња. Сакајќи да се извлече од живата кал уште повеќе пропаѓал.
Повикот за помош бил слушнат од рибар кој веднаш пријавил во ЦУК. Ситуацијата била опасна и за пожарникарите кои 3 часа се бореле со калта за да стигнат до него. Со помош на јажиња успеале да го извлечат.
Додека едни го пренесувале на носилка други со секири го расчистувале патот пред нив за да се пробијат до возилото Итната медицинска помош.
Изнемоштен од долгото давање во калта бил пренесен во кумановската болница. Директорката за Сител вели лицето е прегледано и по барање на роднините е пуштен дома. Давеникот бил во алкохолизирана состојба. Локацијата каде што лицето заглавило во жива кал е место на кое вообичаено се лови риба на Пчиња.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар