Нови мерки за младите студенти промовираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски
Бесплатна ласерска корекција на диоптријата за студентите кои имаат проблеми со видот. Ова е една од новите 6 мерки за младите кои ги најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Од јануари 2017 година сите студенти од 18 до 26 години ќе може да ја искористат можноста за операција на очите и во иднина нема потреба да носат очила или леќи.
-Ласерската корекција на диоптријата е безбедна успешна метода со која се добива јасен и прецизен вид. Оваа гранка на офталмологијата вклучува неколку процедури кои ја подобруваат способноста на окото и ја елиминира потребата од носење леки. Условите се лицето да има над 18 години, окото да биде здраво, да нема други заболувања и лицето да има стабилна диоптрија 12 месеци. Просечната сума која сега е потребна се движи околу 1200 евра. Со овој проекти, интервенцијата за оваа категорија на млади ќе биде покриена од државата, истакна Никола Груевски, претеседател на ВМРО ДПМНЕ.
Груевски најави и бесплатни леќи за средношколците и студентите. Проектот ќе почне да се реализира идната година.
-Покрај можност за ласерска корекција ќе овозможиме субвенционирање на ортопедски очни помагала на студенти и средношколци на возраст од 14 до 26 години од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечното примање од 32.173 денари до завршување на циклус на учење и студирање. Наместо да користат очила ќе може на товар на фондот да користат леќи за плус и минус 2 диоптер. Од оваа мерка се намалува психолошки притисок на учениците и студентите и се намалува прогресијата на кратковидост или далекувидост во периодот кога видот најмногу им е потребен.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави и бесплатни здравствени прегледи за сите млади спортски репрезентативци во фудбал, кошарка, ракомет, бокс, атлетика и многу други спортови. Мерката ќе почне да се реализира од јуни 2017.
Проектот за субвенции за купување на музички инструменти е уште еден од проектите наменети за млади лица кои денес ги промовираше Груевски.
Исто така најавено е организирање на студент фест и отворање на нови читални во Прилеп, Струга и Гевгелија.
Со новите 6 последниот период владејачката партија промовираше вкупно 40 мерки за млади, дел од нив веќе се реазлизираат.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
