Зголемена потребата од негуватели
Потребен е дом и дневен центар за стари лица во Охрид. Се поголемата потреба за ангажирање на негуватели ја наметнува идејата стара години наназад за подобрување на условите за активно стареење на локално ниво. Постарите граѓани се осамени, потребен им е разговор, дружење, но има и доста лица кои се борат за егзистенција, на кои им е потребна социјална помош, и поддршка во обавување на секојдневни работи, велат од Црвениот крст.
Во Охрид обучени се 40 негуватели за стари лица и 30 лични асистенти за лица со попречености.
Старите лица, за кои нема кој да се грижи или сакаат да живеат сами, се уште немаат каде да се сместат со оглед на тоа што охридскиот регион е без Дом за стари лица.
Пензионерите од градот сметаат дека еден ваков капитален проект, би придонел за подостоен живот на оваа категорија граѓани.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
