Македонија
4. October 2024 - 16:51

Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага

Истрагата уште не е почната за откривање на причините поради кои избувна пожар во десеткатницата во Чаир. Се уште нема услови да влезат истражните органи за да направат увид велат од ОЈО Скопје. Температурата во подрумските простории е уште висока. Пожарникарите дежураат пред зградата поради опасност од ново опожарување.

Станарите веројатно и во следните денови нема да можат да се вратат дома. На терен се проверува и состојбата на каблите за струја бидејќи елетричната енергија беше целосно во прекин во ова маало.

Се додека не заврши увидот зградата ќе биде обезбедувана поради обидот за кражба во становите. Полицијата ќе поднесе кривични против две лица кои беа фатени на дело како изнесуваат пари и вредни предмети од зградата.  Потоа на потег се и надлежните институции кои ќе треба да проверуваат дали зградата е безбедна за домување. Од општината велат  објектот е изграден во 2015 и тврдат дека  сите документи се согласно законските прописи. Ганиу за Сител вели тие немаат надлежност за вршење увид на моменталната состојба, она што како општина го направиле до сега е да ги згрижат станарите кои немале каде да одат.

По пожар кој траеше 30 часа во зградата е ризично да се влегува се додека не се провери статиката сметаат експерите. За нив недозволиво е во подрумски простории да биде сместен магацин со лесно запаливи материи, како што беше случајот со овој пожар.

Надлежните ќе треба да одговорат дали оваа фирма имала дозвола за држење на магацин во подземни простории на станбена зграда и дали биле обезбедени сите услови за заштита при настанување на вакви елементарни непогоди. Пожарот избувна на 2 октомври во 2 часа по полноќ а беше целосно изграснат по 30 часа. Над 100 граѓани беа евакуирани од објектот а речиси половина од нив побарале лекарска помош поради гушење со чад.