Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
За неколку дена производителите извадиле нови пакувања со 10 грама повеќе или помалку само за да ја заобиколат владината мерка. На секаков можен начин се обидуваат да остварат ќар за сметка на намалените цени на производите.
ДПИ изрекле прекршочни од над 2 милиони денари само до четвртокот а инспекциите продолжуваат и за време на викенд. ДПИ предупредува, трговците на големо да не потклекнуваат на притисоците од неколку големи ланци на маркети, нема да се толерира ниту празен рафт ниту било каков обид да се измамат граѓаните.
Инспекторите наишле на јогурт и млеко измерени во грамажа наместо во милилитри за да се ќари повеќе. Секој прекршок ќе заврши со заплена на производите предупредија од ДПИ.
Пазарна регистрирале и измами во продажбата на пелети кои некои трговци ги декларирале како словенечки а произведени се во друга земја. Во пресрет на грејната сезона ќе има строги контроли и на овие продукти.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар