Македонија
21. October 2024 - 12:19

Расте бројот на ученици во стручното образование

 Средното стручно образование станува сè поатрактивно и поинтересно за младите.Во Регионалниот центар „Ванчо Питошески“ во Охрид моментално има 240 ученици коишто се запишани во 3-годишно и 4-годишно образование и бележи раст од 20%   ученици во прва година од каде произлегува кадар подготвен за настап на пазарот на трудот . 

Во училишниот центар се стимулираат младите да одбираат стручно образование .Реновирани се 40 соби и тоалети во ученичкиот дом кој доби и нова читална.

Од средното училиште Ванчо Питошески велат дека стручното образование  дава финален кадар што е подготвен да работи и да одговори на пазарот во хотелско угостителската  дејност .