Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
Се поголем е бројот на деца кои имаат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Ваквата состојба не е само невролошка туку и последица на екранизацијата и зачестената употреба на мобилните телефони. Ова го констатирале од здржението за дислексија Ајнштајн од каде информираат дека оваа состојба не е ограничена само кај децата од основното образование, туку со неа се соочуваат и повозрасните групи. Последното истражување што било направено од нивна страна покажало дека над 12% од средношколците покажуваат индикации на дислексија.
Експертите предупредуваат дека прекумерната употреба на мобилните телефони може да предизвика и проблем со говорот кај децата. Според нив клучот за превенција и рано справување со проблемите поврзани со дислексија лежи во навремено препознавање и реакција како од страна на наставниците така и од родителите.
Со цел рана детекција на оваа состојба, но и едукација не само наставниците туку и пошироката јавност, здружението Ајнштајн почна подвижен караван за дислексија. Караванот претставува серија од 8 едукативни работилници кои се реализираат во исто толку различни градови низ државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар