Македонија
1. October 2026 - 21:19

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот

Остри обвинувања и навледлив речник и предупредувања за децении изолација. Лидерот на СДСМ смета дека квалификацијата дека премиерот бил идиот не било навреда бидејќи е дел од наративот што во политичката култура го внел премиерот.

Филипче вели дека македонските евроинтеграции се сериозно загрозени и тоа треба да се каже со вистинските зборови.

Од ВМРО ДПМНЕ му возвратија дека ја губи контролата, дека користи срамни навреди кои не доликуваат на опозициски лидер и шири говор на омраза.

Во фокусот на нападите остануваат евроинтеграциите  и утрешната посета на шефицата на ЕК.

Филипче предупредува дека власта земјава ја вратиле децении наназад и останува во групата земји како Косово, Србија, БиХ  додека власта навидум како што вели, бара дополнителни гаранции кои смета дека се само обична манипулација.

Опозицискиот лидер порача дека одговорноста за деблокирање на процесот и исполнување на ветената подобра преговарачка позиција е исклучиво на владејачкото мнозинство, додека Македонија како што обвинува Филипче трајно го загубила чекорот со регионот.