Македонија
17. November 2024 - 16:29
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
Пожарите кои беснееја ова лето, не само што опустошија големи површини од шумите туку ги зголемија сомнежите дека голем дел од нив се подметнувани. Причините за вакви подметнувања на пожарите се поврзуваат и со искористувањето на изгореното дрво кое подоцна би се пласирало на пазарот. Ваквата ситуација ја наметнува потребата од координирано превентивно делување за заштита на шумите.
И покрај бројните пожари изминативе години, никој не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“.
Често пати терените каде што се случува потпалувањето на пожарите не се под контрола и надзор, а тоа придонесува за потешкотии при проноѓањето на сторителите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
