Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
Две лице го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево во изградба , во близина на селото Ботун. Од засега непознати причини, утрово , патничко возило изгубило контрола и излетало од коловозот,
До несреќата дошло при превртување на возило марка ауди со кичевски регистарски ознаки што се движело од насока од Кичево кон Охрид.
На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента.
OД СВР Охрид со апел до возачите крајно вниамтелно да ги ушправуваат своите моторни возила.
На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да утврди што ја предизвикало сообраќајната несреќа.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
