Македонија
5. December 2024 - 12:29
ХОТАМ-Пензионерите од полза во оваа индустрија
И пензионерите да работат-спас од недостаток од работници. Недостаток од работна сила се поприсутен во земјава.Обидите да се најдат решенија се движат од дигитализација до увоз на работна сила, но и ангажирање на виталните пензионери.
Хотелиерите велат дека немаат ништо против пензионерите кои сакаат да работат тоа да можат да го сторат.
Од ХОТАМ посочуваат дека 15-до 20 посто од пензионерите кои излегуваат од оваа индустрија сакаат да работат и понатаму и се ангажирани во некои типови на работа и се од голема полза. Оваа практика освен во подалечните европски земји е присутна и на Балканот.
Работата после пензија за многу од повозрасните граѓани би значело не само извор на нови приходи туку и дополнително враќање во живот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
