Официјализирано зголемувањето во платите во здравството
Од 3600 до 4300 ќе биде поголема ноемвриската плата на здравствените работници во геријатрија бидејќи работат стресна работа и со најтешки пациенти. Повисок личен доход и изедначени со лекарите ќе бидат и фармацевтите во болниците и клиниките. Здравствените синдикати со министерот за здравство го потпишаа анексот на колективниот договор што значи за 2450 денари повеќе пари за сите медицински лица освен оние кои ќе добијат повеќе поради сложеноста во работата.
- Имајќи ја предвид спецификата на работата на докторите во Итна медицинска помош, предвидовме и стимулирање на докторите на медицина кои работат во итна медицинска помош со повисоки коефициенти на сложеност од останатите доктори на медицина, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Поради комплексноста на работата ќе биде зголемен и личниот доход на физичарите кои работата на Клиниката за онкологија. Од Синдикатите задоволни, но велат не застануваат само на овој анкес.
- Не очекува и втората фаза во март кога ќе има повторно зголемување на платите во јавниот сектор, и на здравството, вели Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостоен синдикат за здравство и фармација
- Политичките елити во државата, мислам дека се тргна нешто позитивно и да знаат дека здравството е основата на секоја држава, досега младите доктори си заминуваат во приватни болници или во странство, вели Д-р Предраг Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички.
Покрај платите, здравствените власти дфо крајот на годината најавуваат и вработување на голем дел од договорците на дело кои работат во болнците и клиниките.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар