Македонија
7. December 2024 - 17:19

НАПО - Новото проширување на позитивната листа да биде со лекови за повеќе болести

Меѓу 300 и 500 пациенти со хепатит б со години ја чекаат неопходната терапија. Во земјата ја нема а нема најави и дали ќе се најде на позитивната листа со следното проширување. Кој има пари ја набавува од регионот, останатите завршуваат со влошена здравствена состојба, алармираат од здружението Хепар. Дел од нив ако не добијат лекови ќе развијат цироза или рак на црн дроб, што е многу поскапо за системот. Еден пациент со цироза или рак е како најмалку 30 пациенти кои примаат апчиња.  

- Голем број пациенти ќе го растоварат системот. Бидејќи, ако не ги третираме и понатаму оваа група на пациенти, верувајте ми дека пута 10 ќе се реплицираат карциномите, тука ќе имаме и губење на животи и губење на големи финансиски средства. Јас се надевам дека Владата, Фондот и МЗ ги уочиле овие работи, имамве дискусии голем број изминатите 6 месеци, изјави Милан Мишковиќ, претседател на Алијанса на пациентски организации 

 Од Хепар алармираат дека лекот за хепатит Б не ја лекува само примарната болест, туку штити и од трансмисија и појава на карцином. Нова терапија чекаат и други пациенти.

- Како претседател на Националната алијанса, ги повикувам во сите сегмети – од кардиоваскуларни, дијабете, онколошки, да разгледаат што е потребно да се заменат тие стари лекови кои веќе одамна не се користат во многу земји, и едноставно, постепено да ги стават на листа, вели Мишковиќ. 

Здравствените власти не кажуваат какво ќе биде новото проширување на позитивната листа кое го најавуваат за напролет идната година. Дали ќе бидат 2, 3 или 9 нови лекови ќе зависи и од буџетот за 2025. 

По 15 години застој, листата беше проширена во септември годинава.